
Здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко-Живот Кавадарци е основано во 2010 година како невладина и непрофитна организација со цел заштита и унапредување на животната средина. Дејствуваме како регионален еко центар. Имаме одлична соработка со општинските власти и градоначалниците на општина Кавадарци и на општина Росоман. Од март 2014 година сме членови и учествувавме во основањето на македонската еколошката платформа „Зелена Македонија“ која дејствува за почиста и поеколошка животна средина. Исто така главна цел на платформата е неутрализирање на еколошките жешки точки, локации кои најмногу се засегнати од загадувањето.
Од 2012 година сме членка на Движењето на екологистите на Македонија, од кое сме назначени за регионален еко центар и сме во потпретседателството. Од 2018 година сме дел од Банка за храна Македонија, каде сме координатори на огранокот Банка за храна Кавадарци, исто така и на проектот Нула глад Кавадарци заедно со општина Кавадарци. Од 2021 година сме дел од меѓународната мрежа CEEweb for Biodiversity како полноправна членка.
